Сподели проблем или предлог со цел нашата држава да биде подобро место за живеење.
Пријави проблемОнлајн апликација за пријавување на проблеми и предлози до надлежната државна институција.
За сите граѓани кои увиделе или наишле на проблем во општеството или имаат предлог како нешто може да се подобри.
Секојдневно се соочуваме со различни проблеми (неасфалтирани улици, затнати канализации, расфрлан отпад и сл.). Преку podobruvame.mk секој може лесно и едноставно да стапи во контакт со надлежната институција и да пријави проблем или предлог.
Решавањето на проблемот е прикажано транспарентно и секој може да види до каде е процесот. Со пријавување на проблемите до релевантните институции, спречуваме појавување на нови и допринесуваме за создавање на подобро општество за сите.
Учестувај и ти, пријави проблем или предлог, подобри!
Внесете ги своите информации и бесплатно креирајте профил.
Детално опишете го проблемот, прикачете фотографии и пријавeте го до надлежната институција.
Ќе бидете информирани за сите промени при процесот на решавање на проблемот.
Blagoja Petrusev · 24 Apr 2025 · 0
Министерство за надворешни работи
Blagoja Petrusev · 18 May 2020 · 0
Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство
Шикоски Даниел · 18 Feb 2020 · 0
Slobodan Tofiloski · 20 Jan 2020 · 0
Министерство за внатрешни работи
Шикоски Даниел · 12 Dec 2019 · 0
Можете да пријавите неограничен број на проблеми за кои што сметате дека одредена институција може да ви помогне.
Доколку надлежната институција не ви одговори на пријавениот проблем, можете да се обидете да ја контактирате институцијата уште еднаш. Во секој случај, доколку не добиете одговор за одреден проблем, тоа претставува лош рејтинг за надлежната институција.
Секој проблем е проследен со статус во зависност од тоа до каде е процедурата на решавање на проблемот. Па така, проблемот може да биде во статус На чекање , Се извршува и Завршено . Кога проблемот ќе биде решен, тој ќе го добие статусот Завршено , а Вие ќе бидете известени за неговата статусна промена.
Да, секако. Институциите добиваат известувања за секој пријавен проблем.
Да, комуникацијата е јавна, и секој може да го види проблемот кој го посочувате и да го прати неговото решавање. Само Вие и надлежната институција сте директно вклучени во решавањето на проблемот, сите други имаат пристап но неможат да коментираат.
Институциите имаат интерес да ја градат довербата во опшеството, и да покажат транспарентност и ефективност во нивното работење. Нивниот рејтинг доаѓа од оние кои поставиле одредени предлози и проблеми.
Слободно исконтактирајте нѐ, а ние ќе се потрудиме да одговориме на Вашите прашања во најкратко време