Podobruvame logo

Услови и приватност


Одборот за Здрав Живот на Кочани оперативно управува со сајтот https://podobruvame.mk/ за територијата на Република Северна Македонија преку кој дава услуги на посредување со цел корисниците да пријавуваат проблеми до надлежните институции во државата.


Корисникот на услугите е должен при користењето на услугите на платформата да постапува совесно, без злоупотреба и во согласност со сите упатства добиени при користењето на софтверот на сајтот https://podobruvame.mk/ .


https://podobruvame.mk/ ја сфаќа Вашата приватност многу важно и сериозно. Овие Услови и приватност ги опишуваат нашите правила и услови на користење на платформата, како и процедурите за собирање, користење, објавување и споделување на Вашите податоци при користење на софтверот на сајтот https://podobruvame.mk/ .


Општи одредби

Корисникот на услугите е запознат и се согласува со овие Правила и услови на користење на услугите на https://podobruvame.mk/ и кои било делови од веб-страницата и софтверот кои се користат на https://podobruvame.mk/, односно изјавува дека Правилата и условите му се познати и се согласил на нив.


Корисникот на услугите изјавува дека ги почитал, разбрал во целост и слободно ги прифатил Правилата и условите на користење на платформата.


Корисникот на услугите се согласува дека за целокупниот однос помеѓу него и https://podobruvame.mk/ ќе се применуваат позитивните прописи на Република Северна Македонија.


Корисникот на услугите се согласува дека во случај на спор, надлежен суд е судот во земјата каде што се наоѓа корисникот на платформата или суд овластен од страна на сопственикот на софтверот.


Со прифаќање на овие Правила и услови изјавувате дека сте запознати со термините кои се користат во овие Правила и услови и дека сте свесни дека преку интернет прелистувачот можете да ја дознаете точната содржина на секој термин. Пример за такви термини: „Одговорност“, „Колачи“, „Пиксел-тагови“ и др.


https://podobruvame.mk/ го задржува правото во секој момент да ги промени или ажурира Правилата и условите на користење. Промените се видливи одма по нивното објавување, или кога самите промени го регулираат тоа.


Кога креирате Профил или ги користите услугите обезбедени од https://podobruvame.mk/, должни сте да ги следите инструкциите што придружуваат одредена услуга. Инструкции може да се добијат при креирање на Профил, при користење на профилот, при користење на услугите, како и во комуникациите помеѓу https://podobruvame.mk/ и Корисникот на услугите.


https://podobruvame.mk/ гарантира пружање на услуги како добар стопанственик, но не и како добар стручњак, односно https://podobruvame.mk/ не гарантира непропорционално или надпропорционално ниво на вештини, внимание или брзина во вршењето на услугите.


https://podobruvame.mk/ пружа услуги по видување, како и лицата ангажирани од https://podobruvame.mk/ не пружаат никаква гаранција ниту експлицитно го одредуваат обемот на своите услуги или користењето на софтверот.


Доколку https://podobruvame.mk/ не постапи веднаш по обраќањата или барањата од своите корисници, тоа не може да се сфати како отстапување од понатамошните постапки или на правата кои му припаѓаат.


Забрането е да се користи името Подобруваме, логото или дизајнот на веб-страницата или сопствени логоа во рамките на комуникацијата со https://podobruvame.mk/, или кои било збунувачки слични ознаки или права на интелектуална сопственост за лични цели, поради комерцијално искористување, лична корист, имотна корист или за друга цел спротивна на причината поради која било кој од тие елементи бил објавен.


https://podobruvame.mk/ може да ги пренесе сите права и обврски на друго лице во случај на статусна промена или во случај на продажба на друго стопанско друштво или имот на стопанско друштво или други организациски поделби.


Овие услови во оригинал се напишани на македонски јазик, во случај на конфликт со другите јазични верзии, верзијата на македонски јазик е важечка и правно обврзувачка.


Секое непочитување на кој било член од Условите му овозможува на https://podobruvame.mk/ да го отстрани Профилот што сте го креирале и да ги зачува податоците што сте ги направиле достапни.


Профил

Корисникот на услугите изјавува дека го ослободува https://podobruvame.mk/ од одговорност за секој Профил отворен во негово име, т.е. Профил чиј предмет е тој или негов близок. Корисникот на услугите е целосно свесен дека https://podobruvame.mk/ овозможува исклучиво софтвер и веб-страница за отворање таков Профил и дека не ја гарантира точноста на податоците и не учествува во контролата на тоа кој е предмет на тој Профил, па затоа не може да биде одговорен за каква било штета излезена од таквиот Профил како ни за навредување или нарушување на угледот.


Содржината што ја внесува Корисникот кога креира профил мора да биде точна и вистинита, граматички точно напишана, не смее да содржи неприродна употреба на симболи како на пример долги редови со точки или исти знаци, не смее да содржи информации кои спаѓаат во домен на приватност (на пр. раса, сексуална ориентација, емотивни информации од животот на таа личност, и др.), не смее да ги навредува правата на другите лица и не смее да го претставува Профилот како официјална веб-страница на таа личност.


Секое лице може да креира Профил и да пријави проблем до одредена институција. Од Профилот кој е еднаш креиран може да се пријават повеќе различни проблеми.


Податоците што ги собираме

https://podobruvame.mk/ го задржува правото да отстрани Профил чија приватност е повредена или Профил кој се користи за повредување на приватноста на другите.


https://podobruvame.mk/ собира разни податоци за своите корисници за да утврди нешта како на пример: во која држава се наоѓа Корисникот на услугите, кои реклами би го интересирале и колку често има потреба за користење на услугите.


https://podobruvame.mk/ собира податоци за своите корисници на два начина: преку информациите што корисниците ги даваат и преку информациите што може да се добијат кога корисниците ги користат услугите на https://podobruvame.mk/. Во тие информации спаѓаат, но не се ограничени: лични податоци како име, презиме, датум и место на раѓање, место на живеење, е-пошта, телефонски број или податоци поврзани со користењето на веб-страницата, фотографии, видео снимки, информации за хардверот што го користите, идентификатори на хардверскиот уред, детали како корисникот ги користи услугите на https://podobruvame.mk/ или како ја користи веб-страницата, предмет на пребарување, адреса на Internet Protocol, системски решенија на хардверскиот уред кој го користи корисникот, „Колачиња“ кои го идентификуваат пребарувачот на Корисникот на услугите или Профилот и испраќаат информации за корисникот, информации за локација, единствени броеви на апликациите и уредите, како и анонимни идентификациски кодови на корисникот.


Корисникот на услугите се согласува дека софтверот https://podobruvame.mk/ може да складира податоци и на неговиот уред локално преку разни технички можности кои се под контрола на https://podobruvame.mk/.


Информациите кои Корисникот на услугите ги внесува при креирање Профил ќе можат и јавно да се видат на веб-страницата https://podobruvame.mk/ и општо на интернет. Пример за такви информации: фотографии, видео снимки, коментари, име, презиме и сл. Директен контакт ќе се овозможи преку веб-страницата https://podobruvame.mk/.


Кога Корисникот на услугите го контактира https://podobruvame.mk/, се согласува дека Операторот на платформата ги чува сите податоци добиени од комуникацијата и дека користи е-пошта која корисникот може да ја користи во иднина за да ги контактира или да испраќа информации во врска со услугите овозможени од https://podobruvame.mk/.


Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да ги користи податоците добиени од „Колачињата“ или од други технологии, на пример пиксел тагови, со цел да го унапреди корисничкото искуство и квалитетот на услугите.


https://podobruvame.mk/ нема да користи податоци кои се однесуваат на расна припадност, сексуална ориентација или здравствена состојба на еден Корисник.


Корисникот на услугите е запознат со можноста да споделува информаци на други веб-страници освен оние овозможени од https://podobruvame.mk/. Доколку Корисникот споделува информации на такви страници, се согласува дека https://podobruvame.mk/ не може да биде одговорен за каква било штета ако произлезе од таквиот чин.


Корисникот на услугите се согласува и дека на таквите веб-страници важат нивните правила и дека правилата пропишани од https://podobruvame.mk/ немаат правна сила на тие веб-страници, ниту дека https://podobruvame.mk/ може да ги обврзе правните или физичките лица кои управуваат со тие страници на нешто. Корисникот на услугите се согласува дека со таквите акции е изложен на индексирање од други веб-сајтови или технологии и е свесен за ризикот што го носи со нив.


https://podobruvame.mk/ го задржува правото да му побара на Корисникот на услугите да се идентификува при промена на информациите. Исто така, https://podobruvame.mk/ го задржува правото да одбие барања кои се неосновани, неумерено повторувани, бараат непропорционален технички напор, претставуваат ризик на приватноста на другите корисници, или се технички-правно непрактични.


https://podobruvame.mk/ ги одржува своите системи и овозможува заштита на податоците во секое време. Затоа, откако Корисникот на услугите ќе избрише или промени некои податоци на веб-страницата, https://podobruvame.mk/ не е обврзан веднаш да ги избрише или промени тие податоци, туку тоа може да го стори и подоцна.


https://podobruvame.mk/ нема да споделува податоци за своите корисници освен во следниве случаи:

  • Во согласност со Корисникот на услугите.
  • Со администраторите. Доколку профилот на Корисникот е администриран од страна на администраторот, тогаш администраторот, Корисникот на услугите, лицата за корисничка поддршка и https://podobruvame.mk/ можат да имаат пристап до податоците од профилот на Корисникот.
  • За надворешно процесирање. Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да ангажира надворешни организации или лица кои се во согласност со овие Правила и услови на користење, а особено со ова поглавје, за да ги процесираат и анализираат податоците на Корисникот.


Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да ги отстапи неговите податоци на други стопански друштва, организации и лица од доверба поради правни прописи, спроведување на Правилата и условите на користење, или други правни документи вклучувајќи го системот на https://podobruvame.mk/ против злоупотреба, откривање и превенција на измами или загрозување на безбедноста, технички проблеми, за безбедноста на https://podobruvame.mk/ и неговите корисници.


https://podobruvame.mk/ активно ќе работи на заштита на податоците и чување на приватноста на своите корисници, во границите на своите можности. Тоа вклучува заштита од злоупотреба, кражба на податоци, хакерски напади, објавување или уништување податоци. Операторот на платформата ги заштитува овие податоци преку технички средства и преку имплементирање етички стандарди во организацијата, ограничување и контролирање на пристапот до податоците во организацијата и контролирање на користењето на податоците. Корисникот на услугите се согласува и дека покрај најмодерните средства за заштита, не мора да значи дека заштитата секогаш ќе биде ефективна.


Кога содржината и податоците направени од Корисникот на услугите на софтверот https://podobruvame.mk/ за себе или за другите се користат за промовирање на https://podobruvame.mk/ или за промовирање на услугите и производите на други корисници на услугите, Корисникот се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да ги користи таквите податоци за да добие профит, додека друг профит нема да биде пренесен на Kорисникот. Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да собира и користи информации за навиките на корисниците и начинот на користење на софтверот https://podobruvame.mk/. Примери за такви податоци, без ограничување, се: кога Корисникот се најавува на својот Профил, кога го користи истиот, каква содржина креира, која содржина и како ја дели со другите, локацијата на корисниците, зачестеноста на активноста на корисниците и содржината на услугите.


Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да собира и користи податоци кои другите ги објавуваат во врска со него или за него.


Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да собира и користи податоци во врска со уредот (хардверот) што го користи корисникот за да пристапи до софтверот. Примери за такви податоци, без ограничување се: оперативниот систем на уредот, хардверските компоненти на уредот, подесување на уредот, имиња на софтверите достапни на уредот, идентификатори на уредот, локација на уредот, телекомуникациската компанија каде што Корисникот е регистриран, вид на интернет пребарувач, и сл.


Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ може да собира и користи податоци во врска со софтверот, веб-страницата, апликациите што ги користи корисникот и начинот на нивното користење, преку софтверот https://podobruvame.mk/.


Корисникот на услугите се согласува дека во рамките на обезбедувањето на своите услуги, https://podobruvame.mk/ може да собира информации за него од други правни и физички лица, како статусно или договорно поврзани со https://podobruvame.mk/.


Комуникации

Вашите податоци за контакт може да се користат за комуникација со Вас (преку електронска пошта, текстуална порака или на платформата https://podobruvame.mk/). Кога комуницирате со нас (преку електронска пошта, текстуална порака или на платформата https://podobruvame.mk/), ние имаме право да чуваме копија од нашиот разговор. Со објавувањето на Вашите податоци за контакт на платформата https://podobruvame.mk/, Вие се согласувате дека ние можеме да ги искористиме тие податоци за да комуницираме со Вас доколку има потреба.


Како ги користиме Вашите податоци

Ние не ги продаваме Вашите лични податоци како што се Вашето име и презиме и податоци за контакт на трети лица кои би ги користеле за сопствени маркетинг цели.


Целта на користењето на сите податоци споменети во овие Правила и услови е:


  • Податоците ќе бидат користени поради пружање на веќе постоечките услуги како и поради унапредување и развој на веќе постоечките услуги и софтвери.
  • Персонализирање на содржината и комуникацијата помеѓу https://podobruvame.mk/ и Корисникот на услугите.
  • Тестирање, истражување, анализа и развој на веќе постоечките и новите услуги и софтверски решенија како и откривање проблеми.

https://podobruvame.mk/ ќе се потруди да обезбеди безбедност и сигурност на податоците на корисникот на секој можен начин.


Корисникот на услугите е запознат со фактот дека https://podobruvame.mk/ може да ги споделува неговите податоци со лицата со кои е статусно или договорно поврзан, со однапред одредени цели.


https://podobruvame.mk/ може да им пристапи и да ги користи и споделува податоците за Корисникот на услугите без негово одобрение во следниве случаи:

  • Кога постои сомнеж дека Корисникот направил некаква злоупотреба или друго противправно дело, како и поради заштита или извршување на законски правила и прописи.
  • По барање на судот или друг државен орган што е овластен за тоа.
  • Со органите на други држави доколку по правни стандарди, норми и позитивни прописи постои основана веројатност дека таков орган има право за побара такви податоци.
  • Поради заштита на безбедноста на податоците.


Корисникот на услугите се обврзува да ги извршува сите свои активности во согласност со законите на земјата каде што има свое место на живеење, живеалиште или државјанство, но во исто време се обврзува да ги користи овие Правила на користење на https://podobruvame.mk/ и ги прифаќа како единствено применливо право за деловниот однос помеѓу Корисникот на услугите и https://podobruvame.mk/ и позитивните прописи во државата на https://podobruvame.mk/.


Содржина на сајтот и содржина која произлегува од интеракциите и извршувањето на услугите

Со прифаќање на овие Услови, Корисникот на услугите изјавува дека поседува право на интелектуална сопственост, односно право или посебно овластување кое му дозволува да ја употреби истата содржина на начин опишан во овој член. Содржината може да биде, на пример: фотографии, текст, коментари и други податоци или содржина која ја внесува Корисникот или трето лице.


Корисникот на услугите се согласува дека содржината што ја внесува тој или трето лице, а да е спомната во претходниот член, може да биде отстранета од https://podobruvame.mk/ без претходно известување до Корисникот или до третото лице. Таквата содржина може да се отстрани од страна на https://podobruvame.mk/ ако се смета дека е во спротивност со задолжителните прописи, обичаи, јавен ред, морал или офанзива за целта и природата на местото каде што е внесена, ако таа може да предизвика нарушување на јавноста, ако на друг начин претставува сомнителна содржина, како и во случај да е во спротивност со овие Услови.


Корисникот на услугите е свесен за фактот дека на содржината што ја внесува може да коментираат други лица. Корисникот на услугите се согласува дека https://podobruvame.mk/ не мора да ја отстрани таквата содржина на негово барање, освен ако не се прекршени одредбите на статијата.


https://podobruvame.mk/ не е одговорен во никој случај за интеракциите помеѓу корисниците на веб-страницата овозможена од него.


Кога Корисникот внесува, поднесува, складира, праќа или прима содржина или интелектуална сопственост преку софтверот https://podobruvame.mk/, тој го овластува Операторот на платформата, како и лицата ангажирани од Операторот на платформата со просторно и временски неограничено овластување (лиценца) за користење, складирање, репродукција, нова содржина (превод, обработка), комуницирање, објавување, јавно изведување, јавно претставување или дистрибуирање на оваа содржина или на правото на интелектуална сопственост. Целта на ваквиот трансфер на правата е да се подобрат услугите обезбедени од Операторот на платформата, да се подобри препознавањето на https://podobruvame.mk/, да се добијат нови корисници на https://podobruvame.mk/. да се развијат нови услуги, статистички и други анализи со цел промовирање на https://podobruvame.mk/.


Со прифаќање на овие услови на користење, Корисникот на услугите изјавува дека има право да му пренесе на https://podobruvame.mk/ право (овластување, лиценца) над сите права на интелектуална сопственост. Некои од услугите обезбедуваат можност технички да се отстрани наведената содржина. Лиценцата не е ексклузивна, пренослива, може да се издава како под-лиценца, не се наплаќа и се однесува на целиот свет.


Корисникот на услугите се согласува дека доколку избрише некои податоци или содржини внесени од него или од некој друг, таквите податоци/содржини може да останат складирани на серверите на https://podobruvame.mk/ поради архивирање или чување докази.


Корисникот на услугите изјавува дека нема да објавува комерцијални пораки надвор од овластувањата што ги стекнува од https://podobruvame.mk/ и спротивно на овие услови за користење, односно е свесен за фактот дека употребата на софтверот е забранета за таа цел без експлицитна согласност од Операторот на платформата.


Корисникот е запознат со фактот дека софтверот дозволува споделување на содржината на социјалните мрежи како Facebook, Instagram и сл. и дека со тоа Операторот на платформата го задржува правото да ја отстрани оваа опција од софтверот во секое време.


Забрането е собирање на податоци од профилот на Корисникот на софтверот https://podobruvame.mk/, особено автоматизирани средства, како и пристап до софтверот https://podobruvame.mk/ преку автоматизирани средства. За истото, потребна е дозвола од Операторот на платформата која што ќе укаже на целта за која што е доделена.


Забрането е внесување на вируси и други малициозен софтвери, кодови или програми кои ја нарушуваат безбедноста на страницата и предизвикуваат штета во која било форма.


Корисникот на услугата не смее да внесува содржини што се: говор на омраза, закани, порнографија, инцест, голотија, графичко насилство.


Корисникот на услугите не смее да го користи сајтот https://podobruvame.mk/ како средство за извршување незаконски работи, припреми за незаконски работи, дискриминација и измами.


Корисникот на услугите не смее да наведува на извршување работи кои што се забранети со овој документ.


Корисникот на услугите не смее да го користи сајтот https://podobruvame.mk/ за давање рекламни услуги заради остварување профит или подобрување на неговите или други имотни средства. Ова може да се направи само со дозвола од Операторот на платформата.


Корисникот на услугите се обврзува дека ќе ги ажурира податоците и ќе додава или менува податоци за тие во секој момент бидат најточни и најнови на веб-страницата https://podobruvame.mk/.


Доколку Корисникот на услугите користи корисничко име за својот Профил кое е навредливо и е во спротивност со правилата и прописите, или тоа е име на организација која не дава дозвола за користење, Операторот на платформата има право да го отстрани или суспендира таквиот Профил.


Корисникот на услугите не смее да ги користи услугите или веб-страницата https://podobruvame.mk/ за да објавува документи или финансиски податоци од која било личност, како ни да објавува лични податоци или податоци кои влегуваат во домен на приватноста. Доколку тоа се случи, Корисникот на услугите или трето лице се согласува дека штетата од ваквата постапка не е од https://podobruvame.mk/.


Доколку Корисникот на услугите собира податоци директно од профилот, треба да биде јасно нагласено дека Вие ги собирате тие податоци а не https://podobruvame.mk/ и да побарате согласност од сопствениците на тие податоци за нивно собирање, обработка и споделување. Која и да е целта за собирање на податоците, Корисникот е одговорен да добие дозвола за нивно користење.


Софтверски решенија

Платформата https://podobruvame.mk/ може автоматски да биде изменета, ажурирана или унапредена во нова верзија.


Операторот на платформата му дава лична, светска, непренослива и неексклузивна лиценца на Корисникот на услугите за оние делови од софтверот што му се наменети. Целта на оваа лиценца е само за користење на услугите за корисниците на https://podobruvame.mk/. Експлицитно е забрането копирање, модифицирање, дистрибуирање, продажба, објавување на дела или делови од услугите или од платформта https://podobruvame.mk/. Исто така експлицитно е забрането да се репродуцира или извлекува кодот, односно програмерската содржина на софтверот.


Корисникот на услугите се согласува дека неговиот мобилен или таблет уред може да врши автоматско ажурирање со податоците на серверите на https://podobruvame.mk/ и со содржината на софтверот.


Корисникот на услугите се согласува и е свесен дека услугите понудени на https://podobruvame.mk/ не мора да функционираат, може да имаат грешки, може да престанат да функционираат и дека истиот софтвер не е секогаш безбеден и покрај сите средства за заштита на лични податоци.


Исклучување на одговорност

https://podobruvame.mk/ не е одговорен за каква било штета предизвикана од користењето на софтверот што го обезбедува или вршењето на услугите кои ги обезбедува, без оглед на тоа дали е материјално или нематеријално. Исто така, https://podobruvame.mk/ не е одговорен за какви било изгубени или злоупотребени податоци што се наоѓаат на веб-страницата.


Доколку Корисникот на услугите наиде на Профил кој што го навредува него, негово блиско лице или трето лице со содржина или Профил кој ги крши неговите или туѓите права и обврски, должен е веднаш да пријави на https://podobruvame.mk/.


Во овие случаи, Корисникот изјавува дека нема да го смета Операторот на платформата за одговорен, бидејќи Операторот на платформата јасно предвидел начини на дозволена употреба на профилот и предвидел санкции за однесување спротивно на дозволените и според кои санкции ќе постапи откако ќе го информираат за можната злоупотреба на Профилот.


Корисникот на услугите е свесен за фактот дека Операторот на платформата обезбедува интернет-софтвер и ја обезбедува неговата функционалност, не создава и не е одговорен за внесување на содржини од други или трети лица и дека таквата содржина на https://podobruvame.mk/ не е во техничка или реална способност за контрола, па затоа не се смета за одговорен за горенаведените причини.


Корисникот на услугите исто така изјавува дека, доколку започне постапка за заштита на неговите повредени права, обврски или интереси врз основа на закон, ќе ги исполни неговите барања според постапката насочена кон лицето кое што ја објавило таквата содржина.


Корисникот на услугите изјавува дека ако има внесено лажни, непрецизни или неточни податоци или содржина, веднаш ќе го извести Операторот на платформата.


Корисникот на услугите исто така изјавува дека ако со внесување содржина на неговиот Профил ги повредил другите права, обврски или законски засновани интереси, на себе ја презема целата одговорност за таквата повреда или штета настаната на таков начин.


Начин на пријавување проблем

Корисникот на услугите што сака да пријави проблем на https://podobruvame.mk/ , мора да ги следи софтверските упатства на сајтот.


Пријавувањето проблем се одвива така што Корисникот, откако ќе креира Профил на платформата, ја избира релевантната институција што може да му помогне за решавање на проблемот, го опишува проблемот, прикачува докази и го испраќа до Институцијата.


Пријавувањето проблем е конечно кога Корисникот ќе го испрати до надлежната институција.


Секоја институција има лице надлежно за решавање на проблемите и тоа лице ќе постави временски период во кој што проблемот ќе биде решен.


Комуникацијата меѓу Корисникот и Институцијата е јавна и секој може да го види проблемот и да го следи неговото решавање. Само Корисникот и надлежната институција се директно вклучени во решавањето на проблемот, сите други имаат пристап но не можат да коментираат.