Podobruvame logo
Macedonia flag

Подобри!

Сподели проблем или предлог со цел нашата држава да биде подобро место за живеење.

Пријави проблем

За што станува збор?

Онлајн апликација за пријавување на проблеми и предлози до надлежната државна институција.

За кого е наменето?

За сите граѓани кои увиделе или наишле на проблем во општеството или имаат предлог како нешто може да се подобри.

Заедно да подобруваме

Секојдневно се соочуваме со различни проблеми (неасфалтирани улици, затнати канализации, расфрлан отпад и сл.). Преку podobruvame.mk секој може лесно и едноставно да стапи во контакт со надлежната институција и да пријави проблем или предлог.

Решавањето на проблемот е прикажано транспарентно и секој може да види до каде е процесот. Со пријавување на проблемите до релевантните институции, спречуваме појавување на нови и допринесуваме за создавање на подобро општество за сите.

Учестувај и ти, пријави проблем или предлог, подобри!

Пријави проблем
Podobruvame platforma
1

Креирајте профил

Внесете ги своите информации и бесплатно креирајте профил.

2

Пријавете проблем

Детално опишете го проблемот, прикачете фотографии и пријавeте го до надлежната институција.

3

Следете ја активноста

Ќе бидете информирани за сите промени при процесот на решавање на проблемот.

Пријавени проблеми


Најчести прашања

Колку проблеми можам да пријавам?

Можете да пријавите неограничен број на проблеми за кои што сметате дека одредена институција може да ви помогне.

Што да правам ако надлежната институција не ми одговори на проблемот?

Доколку надлежната институција не ви одговори на пријавениот проблем, можете да се обидете да ја контактирате институцијата уште еднаш. Во секој случај, доколку не добиете одговор за одреден проблем, тоа претставува лош рејтинг за надлежната институција.

Како да знам дали проблемот што го пријавив е решен?

Секој проблем е проследен со статус во зависност од тоа до каде е процедурата на решавање на проблемот. Па така, проблемот може да биде во статус На чекање , Се извршува и Завршено . Кога проблемот ќе биде решен, тој ќе го добие статусот Завршено , а Вие ќе бидете известени за неговата статусна промена.

Дали институциите се навистина известени за пријавените проблеми?

Да, секако. Институциите добиваат известувања за секој пријавен проблем.

Дали комуникацијата помеѓу мене и институцијата е јавна?

Да, комуникацијата е јавна, и секој може да го види проблемот кој го посочувате и да го прати неговото решавање. Само Вие и надлежната институција сте директно вклучени во решавањето на проблемот, сите други имаат пристап но неможат да коментираат.

Зошто институциите би ги одговарале прашањата на граѓаните?

Институциите имаат интерес да ја градат довербата во опшеството, и да покажат транспарентност и ефективност во нивното работење. Нивниот рејтинг доаѓа од оние кои поставиле одредени предлози и проблеми.

Дополнителни прашања?

Слободно исконтактирајте нѐ, а ние ќе се потрудиме да одговориме на Вашите прашања во најкратко време