Шикоски Даниел · 12 Dec 2019, 23:15
ОПИС НА ПРОБЛЕМОТ
На автопатот "Пријателство", кај бензиската автокоманда има пешачки премин кој не е регулиран со срмафор што дефакто значи дека пешаците имаат ппрвенство на премин. Но наместо возачите да го почитуваат тоа, доколку сте љуботели на екстремности и сакате да набивате адреналин едноставно дојдете тука да преминуватњ пешачки бидејки впзачите не само што не застануваат на пешачкиот, туку возат толку брзо што мене лично на повеќе наврати се случило автомобил толку блиско до мене да закочи што и ме доптел на ноѕете.. Но тоа не е се. Ајде што не застануваат и ајде што визат толку брзо туку уште и ти свират да не тргнеш да преминуваш, а често иако тие се виновни знаат грубо да се однесуваат.
Но ми тоа не е се. Истиот случај не е само со пешачкиот преми на свтопатот, туку и во еднонасочната улица која оди кон Маџари, каде всушност се наоѓа и средното школоМихајло Пупин и има голема фрекфенција на учениви..
Да не заборавиме дека возрасни луѓе кои неможат да се движат доволно брзо, па доколку се случи додека некое возрасно лице на 75 - 80 години кое неможе да се движи фоволно брзо, преминува улица и во тој момент од некоја страна се зададр некој автомобил кој вози со брџина која шоферот неможе да ја контролира брзо може да дојде до несакани последици. Но не се само старите луѓе во прашање, туку тука се и децата, луѓе кои заради определени болести или попречености неможат добро да се движат како и луѓе кои неодамна имале некаков оперативен зафат и неможат да осе движат брзо.
Затоа мислам дека ова е сериозен проблем кој надлежните мора да почнат да го решаваат како припритетен проблем.
ПРИКАЧЕНИ СЛИКИ
13 Dec 2019